ФК Охрид индиректно ќе профитира од преселбата на Македонија ЃП и Слога Ј во понизок. Со елминацијата од страна на ФФМ и селидбата во најнизок ранг на натпреварување , оваа година нема испаѓање од првата лига.Тоа автомтски повлекува бројот на екипите кои треба да испаднат од втората во пониските лиги од четири плус една која ќе игра бараж за опстанок, ќе се намали на две плус една која ќе игра бараж.

Ваква ситуација имаше и минатата сезона кога Башкими, се откажа пред стартот на првенството.

Охриѓани кои и оваа година се борат за гол вторлигашки живот, шансите за опстанаок во лигата и тоа како ќе им се зголемат. По првиот дел од шампионатот Влазереми со една нога е во понизок ранг, додека за преостантото место ќе се борат Охрид, 11 Октомври, Локомотива и Цементарница.

М.П.