– Последните резултати (триумфот на Амак СП во купот и вторите места на Билјана) ни даваат право на Охрид да сметаме како на идеен кошаркарски центар. Вакво едно првенство очекуваме да привлече уште повеќе млади девојчиња да практикуваат да играат кошарка. Покрај промоцијата на Охрид на глобално ниво, во наредните години градот ќе биде домаќин на различни првенства, а искрено се надевам дека кампот кој ќе стартува од наредната година Охрид и регионот ќе прераснат во кошаркарски расадник кој со години натаму само ќе се надоградува– истакна преседателот на КФМ Даниел Димевски.
Охрид летово го очекува кошаркаско лето, покрај европското првенство на стартот на Август ќе допатува најдобрата македонската репрезентација, која според досега планираното ќе одигра два пријателски натпревари и тоа против репрезентацијата на Словачка.
– Ќе се одиграат два, а можеби и повеќе натпревари во Охрид, а се уште е отворена можноста да се одигра уште некој натпревар. Сите европски селекции се во потрага на противници па лесно може да се случи да “вметнеме“ уште некој натпревар во Билјани Извори. Македонскиот бисер, Охрид ќе биде наша база и верувам дека сите присутни во Охрид, како мештани така и туристите кои ќе престојуваат на ривиерата ќе може да ги погледаат во живо репрезентативците –вели Димевски
Преседателот на федерација е оптмист околу нашите шанси на Европското првенство во Полска.
– Ние ке го минеме првиот круг и да бидеме во вториот, по обезбедениот пласман очекувам да добиеме дополнителна сила и мотив, а тогаш се` е возможно – завршува Димевски