По пристигнувањето на тартан  подологата и  стручниот  тим на Мондо кој ќе пристапи на поставувањето на патеката ќе се финализира проектот вреден 500 илјади долари. Охрид, Македонија ќе добијат многу со изградување на вака атрактивно борилиште смета селекторот на македонската репрезентација Влатко Димитров. 

–  Излишно е да се говори што ќе добие Охрид  со изградувањето  на патеката. Покрај можноста за  организција  на разни првенства Охрид со своите капацитети би бил идеално место за подготовки како на македонската репрезентација, така и на репрезентациите на земјите од нашето опкружување – истакна Влатко Димиторв трнерот на АК Охрид и селектор на македонската атлетска репрезентација.


Покрај  развојот  на атлетиката, современата атлетската патека ќе овозоможи побрз развој и на спортскиот туризам. Организцијата на натпревари од Кралицата на спортовите би биле една новина плус во  презентација пред светот истакна градоначалникот на Охрид.

Новата  тартан патека која се гради на Билјанини  Извори, ќе биде од најголема полза за атлетичарите за постигнување на уште подобри резулутати. По поставуањето на патеката Охрид ќе биде домаќин на  разни манифестации од атлетски карактер притоа не само државни првенства туку и балкански и европски натпреварувања. Ние сме биле домаќини на бројни првенства во останатите спортови, па негледам причина да не биде така и во атлетиката – вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Охриѓани  во името на Селман Реџеп имаа свој преставник на Олимпијадта во Пекинг 2008 г. Во годинава што изминува АК Охрид ја освои двојната крнуа што покажува дека иднината на охридската атлетика е светла.. Филип Кафтаноски кој се натпреварува во категоријата 100 м смета дека патеката би била од непреоценливо значење за атлетичарите и очекува со модерната патека да стигнат и резултатите


– Со поставувањето на патеката ќе се подобрат условите за тренинг, новата патека би го намалила ризикот од повреди и сигурно дека ке има подобрување на личните оставарувања. Одржувањето на митинзите и балканските првенства уште повеќе би ги мотивирало младите да се занимаваат активно со кралицата на споротовите – рече Кафтаноски

Промоцијата на патеката и Охрид како атлетска дестинација ќе биде со одржување на меѓународен митинг, кој според најавите би се одржал во средината на Мај.

М.Постоловски