Организатори на првиот италијанско – македонски бизнис форум за рециклирање пластика се италијанскиот Институт за надворешна трговија во соработка со Проектот за Рециклирање пластика при УСАИД, со поддршка од италијанската Асоцијација на произведувачи на гума и пластика и Заедницата на локални самоуправи на Македонија.
Во рамки на Форумот ќе биде ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу директорката на Мисијата на УСАИД во Македонија, Патриша Рајдер и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, со што ќе се најави почетокот на Програмата за рециклирање пластика во Охрид.
Бизнис Форумот симболично ќе заврши со еко хепенинг на градскиот плоштад во 16 ч.