Локалната самоуправа ќе отвори канцеларии за промоција на Охрид во Бугарија и Романија, дознава “оhridnews“.
Предвидено е две канцеларии за промоција на Охрид да бидат отворени во Бугарија во Велико Трново и во Софија, а една канцеларија ќе биде отворена во романскиот град Синаја.
Ова било договорено при неодамнешната посета на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на споменатите градови.
Идејата е, вели Петрески, да се збогати промоцијата на Охрид во земјите од регионот, но пред се да се искористат добрите односи со Велико Трново, Софија и Синаја за заедничка реализиција на проекти кои би биле финснирани од европските фондови за развој на балканскиот регион, а со кои покрај Грција сега располагаат и Бугарија и Романија.
Г. Момироски