Општина Охрид, решението за цврстиот отпад треба да го бара во изградба на регионална депонија. Ова е ставот на експертите по најавите на владата дека депонијата Буково, во која сега се одлага сметот од општина Охрид, не ги задоволува стандардите и истата треба да се санира.
“Пред да се изнајде соодветно решение, депонијата Буково не може затворена затоа што нема каде да се одлага сметот од општина Охрид“. – Изјави директорот на ЈП Охридски комуналец, Боро Павловски. Павловски информираше дека уште минатата година државата распишала тендер за изработка на проект за санација на депонијата Буково. Според Павлоски изнаоѓање соодветна локација за изградба на нова депонија во Охрид не е лесно, затоа што речиси сите погодни места за изградба на депонија гравитираат во сливот на охридското езеро. Павловски смета дека Охрид како помала општина, проблемот со цврст отпад, треба да го реши заеднички со околните општини со изградба на регионална депонија. Најмалата количина за современо третирање на отпадот бара 200 – 300 тони смет дневно. А Охрид во ден произведува 30 тони смет. Затоа е потребно заедно со општина Струга, Кичево и Ресен да се изгради заедничка депонија, рече Павловски.