На просторот помеѓу ОУ „Григор Прличев“ и Средното економско училиште, наредната недела ќе започне изградба на две нови спортски игралишта, најави  локалната самоуправа. 

Игралиштата според планот ќе бидат опремени со неопходни спортски  реквизити и трим-патека. Со изградбата на овие спортски терени не само што ќе го облагороди визуелно и урбанистички целиот тој простор, туку ќе овозможи функционално поврзување на двете училишта со спортските терени и новата фискултурна сала која функционира во склоп на ОУ „Григор Прличев“, соопшти локaлната самоуправа.

Со изградбата на спортско-рекреативни терени на отворен простор, што ја реализира општината, ќе се придонесе за омасовување на спортот меѓу младите, а со тоа и активен спортски живот на децата во слободното време, информираше локалната самоуправа.

ohridnews