Во програмата за одбележување значајни датуми, празници и манифестации оваа година се најде и 7 Март-Денот на албанскиот наставник. Годинава за прв пат празникот на наставникот заеднички ќе го организраат ОУ „Братство и Единство“ и општината.
Советот на општина Охрид на 50-та седница одржана деновиве едногласно го подржа предлогот на советникот од ДУИ, Недим Положани, празникот на наставникот да влезе во годишната програма за одбележување значајни датуми, празници и манифестации.