Идејата постои од минатата година кога охридскиот градоначалник Александар Петрески, амбасадорот Јордан Плевнеш и директорот на фестивалот, Зоран Велјаноски-Летра престојуваа неколку дена во Париз.
Според, претседателот на советот на фестивалот, Макс Азуле, Охрид одговара за еден ваков настан. Преку него, ќе и се овозможи на публиката да се запознае со популарниот француски филм, ќе се отвори мини-пазар за филмот, но не од комерцијален карактер,а француските и македонските продуценти ќе имаат одлична можност да остварат копродукциски релации.
Потпретседателот на советот на фестивалот, Јордан Плевнеш изрази надеж дека фестивалот ќе стане престижен и еднаков со Канскиот и другите реномирани фестивали во Европа.
Центарот за култура каде што ќе се прикажуваат франкофонските филмови веќе ги заврши подготовките и публиката ќе ја дочека во реновиран ентериер. Според најавите на директорот на фестивалот , Зоран Велјаноски- Летра, филмовите ќе се прикажуваат преку современа техника.
Инаку, буџетот на фестивалот изнесува околу 40 илјади евра.