– Моите заложби како преседател се поставување на две квалитетни тартан подлоги во Македонија, една во Скопје и една во Охрид, да направиме атлетски борилишта кои ќе биде од светски карактер – напомена Грозданов.
Подлогата во Охрид доаѓа како круна на соработката на релацијата АФМ – ИААФ и Италијанскиот Мондо, кој ја постави атлетската патека на последната Олимпијада во Пекинг.Федерацијата со помош на Агенцијата за млади спорт ги обезбеди потребните средства за да се отпочне со работа. По завршувањето на жалбениот рок на распишаниот тендер ќе се пристапи кон потпишување на меморандум помеѓу страните кои ќе го реализираат овај проект .
– Меморандумот за соработка ќе го потпишат Агенцијата за Млади и Спорт, Атлетската федерација на Македонија како и Македонскиот Олипмиски Комитет, по што ќе склучиме договор со “Гранит“ кој ја имаше најдобрара понуда – вели Грозданов.
ГП “Гранит“ во наредните две недели ќе се започне со работа на терен, односно ќе се изврши нивелирање и корекција на постоечката патека. По поставувањето на првиот слој, италијанската компанија „Мондо“ ќе допатува во надзор за да потоа сама ги превзеде работите под свое.
– Очекувам целиот овај процес да се заврши отрплика за два месеци, по што Охрид ќе добие патека по европски терк – завршува преседателот на АФМ Цветко Грозданов.
Постувавањето на атлетската патека нема да го наруши фудбалскиот ритам на стадионот, но во иднина СРЦ „Билјанини Извори“ приоритет ќе му даде на кралицата на спортовите атлетиката.