Советот на општината, денес, донесе одлука за долгорочно кредитно задолжување во висина од 360 милиони денари.
– Ова е историска можност да се ослободиме од старите долгови направени од претходните локални власти и конечно да почнеме нова фаза во развојот на Охрид. Задолжувањето со долгорочен кредит го одобри Владата на Република Македонија и се надеваме дека по расчистувањето на старите долгови тие брзо ќе реагираат и Охрид ќе влезе во втората фаза на децентрализацијата-рече Градоначалникот Александар Петрески.
Согласно одлуката , се предвидува годишниот ануитет, наместо дозволените 30, да изнесува 15 отсто од буџетот на Општина Охрид.