Од 7 до 9 мај Охрид ќе биде домаќин на третата меѓународна конференција за ладилна техника и климатизација на која ќе учествуваат 100-тина експерти од водечки светски фирми за ладење и климатизација.

Конференцијата која е објавена на 60 интернет -страници ја организираат Машинскиот факултет од Скопје и Меѓународниот институт за ладење со седиште во Париз.

Во областа на ладењето и климатизацијата се случуваат големи промени поради глобалното загревање и штетното дејство врз озонската обвивка. Над 15% од светската потрошувачка на енергија припаѓа на овој сектор. Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на новите технологии со посебен акцент на енергиската ефикасност. Се случуваат големи потреси во оваа област, но се води и борба на интереси. Актуелните состојби ќе бидат презентирани токму на конференцијата за ладилна техника и климатизација што ќе се одржи во Охрид.

Ohridnews