Оваа работна група е составена од претставници на Охридскиот Центар за социјална работа, Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост„Порака“, Здравствениот дом Охрид и охридските Здруженија на хендикепирани лица.
-Работната група за изготвување на овој акционен план е составена од преставници на институции и здруженија од Охрид, кои најдобро ги знаат проблемите со кои се соочуваат лицата со пречки во развојот. Тоа има за цел да се направи една листа на приоритети кои што се потребни и реално ќе може да се спроведат во Општина Охрид, во наредниот период од три или четири години, со цел да се подобрат условите за живот на лицата со попреченост.-објаснува д-р Василка Димовска, програм-менаџер во Републичкиот центар „Порака”.
Таа нагласува дека одличната соработка на Општина Охрид во насока на подобрување на правата на лицата со хендикеп, била пресудна Охрид да биде една од општините каде што ќе се подготвува ваков акционен план. Локалните акциони планови за унапредување на положбата на лицата попреченост, освен во Охрид ќе се развиваат и во Виница и Куманово.
Изготвувањето на акциониот план е дел од проектот на Центарот “Порака”, кој е финансиски подржан од Програмата за мали градови на Амбасадата на САД во Македонија.