-Целта на јавниот повик за аплицирање за оваа програма, беше да се направат што повеќе проекти, односно што повеќе невладини организации и здруженија, да размислуваат на овој дел од економскиот развој и туризмот во Охрид. Презадоволни сме со проектите кои аплицираа за овие средства и со тоа дека граѓаните ја сфатија можноста за дирекно вклучување во креирањето на стратегијата за економски развој и туризам.-рече градоначалникот Александар Петрески, на презентацијата на проектите.
Тој нагласи дека оваа програма ќе се спровдува секоја година, а во иднина општината ќе се потруди да издвои што повеќе средства за нејзина реализација.
Од секторот за Туризам и локален економски развој објаснија дека оваа програма се одликува со голема транспарентност затоа што Апликациониот формулар, Упатството и условите за аплицирање, биле постојано достапни на веб страницата на Општина Охрид.
-Во фаза на информирање на јавноста беа одржани и неколку едукативни и работни средби со преставници на организациите, кои беа заинтересирани за аплицирање. На овие состаноци заинтересираните подетално беа запознаени со начинот на кој требаше да ги изготват своите проекти. –објанија претставниците на секторот за ЛЕР.
Во наредните неколку дена следува потпишување на договорите за финансирање на проектите , со што ќе отпочне фазата за нивна реализација.