Секој натпревар од меѓународен карактер е од големо значење за Охрид кој добива своја промоција рече градоначалникот на Охрид и напомена дека во иднина Охрид ќе добие сала специјализирана за гимнастика.


Ова ќе не поттикне уште повеќе да ја изградиме спортската сала наменета специјално за гимнастика и за остнатите мали спортови – рече Петрески.  

Преседеталот  на ФГСМ Љупчо Аранаудов вели дека се остварени контактите со европската федерација и дека тие се подготвени да инвестираат околу 500 илјади евра како донација во спортски реквизити и справи наменети исклучиво за гиманстиката.  Спортската сала во иднина би се изградила во склоп на СРЦ “Билјанини Извори“.

М.П.