Општина Охрид уште повеќе ќе се вклучи во обезбедувањето на подобри услови за клубовите кои забележуваат значителни резултати. Развојот во спортот во Охрид би значело чекор напред кон развој на спортскиот туризам- истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Toj вети осовременување на СРЦ “Билјани Извори“.

Со новиот урбанистички план кој е веќе готов ќе градиме и други спортски терени, стадион за мал фудбал, предвидена е доградба на големиот стадион, изградба на два базени, изградба на тениски игралишта и други пропратни капацитети и заедно со хотелите кои ќе се направат кај каналот Студенчишта, ќе имаме комплетно место за развој на спортскиот туризам. На едно место ќе имаме квалитетно сместувањеи спортски терени за сите екипи – рече Петрески

Наредната година од општинскиот буџет ќе се одвојат повеќе средства за помош на спортот, но согласно законот за спорт општината не може да биде спонзор. Клубовите мора да имаат спонзори, а општината само да им помогне.

Градоначалникот смета дека е потребна измена во законот за спорт и додаде дека  ќе се залага за развој на масовниот спорт каде училишта ќе бидат местото од каде ќе доаѓаат спортистите за охридските клубовите.

М.Постоловски