Охрид наскоро ќе добие прифатен центар за бездомници. Според министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа, Охрид има потреба од вакво прифатилиште.

– Охрид е мета на граѓани кои доаѓаат од други градови и интерес е на градот и државата да се отвори то  центар каде ќе можеме да ги згрижуваме тие граѓани, вели градоначалникот Петрески.

Официјално во Охрид во 2007 година беа регистрирани само четворица бездомници, но нивниот број рапидно се зголемува во текот на туристичката сезона, кога во Охрид доаѓаат бездомници од сите краишта на земјата.

Ohridnews