Околу 180 дела се веќе во Охрид, а уште 80 мои и дела на светски познати уметници наскоро ќе пристигнат тука, ни изјави Бјанки. Тој рече дека посетил преку 70 држави, но дека место како Охрид не сретнал никаде во светот.
Винченцо Бјанки
Бјанки не информираше дека во рамки на музејот во Охрид ќе работи и школа за уметници каде покрај него ќе предаваат и други светски имиња од областа на уметноста. Музејот „Кадмо“ треба да биде отворен во 2009 година, а точната локација ќе биде одредена во договор со локалната самоуправа.
Бјанки подари 260 слики за Охрид
Во рамки на манифестацијата поетска ноќ во Велестово, Општина Охрид денеска приреди свечен прием на Винченцо Бјанки. Заблагодарувајќи се на гостопримството овој искрен вљубеник во Охрид на градоначалникот Петрески и на познатиот археолог, Паско Кузман, им подари по еден примерок од неговата книга посветена на богато археолошко наоѓалиште крај Рим. Изненаден од гестот Кузман возврати емотивно велејќи дека со Бјанки ќе биде пријател до крајот на животот.
Бјанки возврати на гостопримството