Се очекува на колонијата која ќе се одржи во Домот на културата во Велестово учество да земат дваесетина домашни и странски ликовни уметници, истакна академскиот сликар Славко Упевче, кој ке раководи колонијата.
– Уметниците ќе создадат дваесеттина дела кои ќе го збогатат фондот на ликовни творби на Охрид, рече Упевче. Тој смета дека е крајно време Охрид да добие своја ликовна колонија и соодветен простор каде ќе бидат изложени делата на уметници кои се наоѓаат во депоата на Заводот и Музеј и Центарот за култура.