Со отворањето на Клуб на стопанственици во Охрид, компаниите од овој регион ќе имаат можност да воспостават меѓусебни бизнис релации и заеднички да делуваат во решавањето на специфичните потешкотии со кои се соочуваат, велат од ССК. На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со активностите на ССК насочени кон подобрување на бизнис климата во Р. Македонија, а ќе стане збор и за тешкотиите во работењето и можностите за нивно решавање на стопанствениците од Охрид и охридскиот регион.
Охрид ќе добие Клуб на стопанственици
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com