Децата и младинците од Охрид кои имаат желба и талент да се занимаваат со театар, во иднина ќе имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое ќе функционира во рамки на охридскиот Народен театар, при Центарот за култура „Григор Прличев“.
Според најавите, студиото ќе започне со работа на 1-ви март 2015 година, а пријавувањето на заинтересираните кандидати ќе се врши во текот на овој месец.
Oд управата на театарот објаснуваат дека за работа со членовите од драмското студио ќе бидат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа.
OhridNews