Македонија и Народна Република Кина наскоро ќе потпишат договор за соработка во областа на туризмот  што ќе отвори нови можности за промоција на туристичките потенцијали во земјата со најголем економски раст во светот. Ова го најави делегацијата на новинари и уредници на повеќе влијателни медиуми од Кина коja во рамки на посетата на Македонија, вчера престојуваа  во Охрид.


Новинарите од Кина остварија средба со градоначалникот Александар Петрески и претставници на локалната самоуправа на која станало збор и за соработката на Охрид со збратимениот кинески град Далијан. Петчлената кинеска делегација посебен интерес пројавила за заштитата на историското наследство и Охридското Езеро, како и за туристичкиот потенцијал на градот. Во рамки на посетата кинеските новинари ги разгледаа културно историските знаменитости на Охрид и остварија средба со колегите од локалната медиумска заедница.

Ohridnews