Овие масовни организирани посети на потомците на пребеганите или депортираните Евреи од балканските простори, се организираат секоја година, а на средбата била изразена надеж дека во 2011 година Охрид би можел да биде една од дестинациите на израелските туристи.
Амбасадорот Кохен бил запознат со туристичките и економските потенцијали на Охрид, а било разговарано и за можностите за инвестирање во балканскиот Ерусалим.