Наместо во Скопје, Владата предлага новиот Универзитет за информатички технологии  да има седиште во Охрид.Ова е дел од Предлог-законот  за измени и дополнување на Законот  за основање на Универзитет за информатички технологии во Скопје.

Покрај промената на седиштето, Владата е на став да се промени и бројот на единиците во состав на Универзитетот,  од 7 факултети и два институти на 5 факултети.

Новата високообразовна установа би имаа факултети за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за машинска интелигенција и роботика, за информатички системи, визуелизација, дигитална мутимедијална и анимациска техника, како и факултет за  информациони теории и анализи.

Во реализацијата на оваа идеја се ангажирани меѓународни експерти и професори од областа на информатичките технологии.

Законот за основање на Универзитет за информатички техноогии во Скопје е донесен на 7 јули минатата година.

Ohridnews