Од денеска до петок во бугарскиот град Велико Трново се одржува Саем за културен туризам, на кој годинава за прв пат ќе биде претставена и општина Охрид. На посебен штанд ќе бидe презентирана туристичката понуда на Охрид, со акцент на културните случувања во нашиот град.
Велико трново
На саемот во Велико Трново ќе присуствува и три члена општинска делегација која ќе ја предводи претседателот на Советот, Владо Чингоски. Се очекува за време на нивната посета да бидат финализирани деталите околу збратимувањето на Охрид со Велико Трново, што наскоро треба да биде официјализирано на седница на Советот на општината. Како што дознава Ohridnews, градските власти на Велико Трново и понудиле на општината Охрид да отворат канцеларија за промоција на туризмот. Бугарскиот град понудил и да ги сноси сите трошоци околу работата на промотивната канцеларија на Охрид каде од време на време би престојувале претставници на општината Охрид. Исто така се очекува за време на посетата на делгацијата на Охрид на Велико трново да стане збор и за воспоставување редовна автобуска линија помеѓу овие два пријателски града.
ohridnews