На меѓународниот саем за туризам што денеска започнува во Нови Сад – Србија, ќе биде претставен и Охрид.

Туристите од Србија во изминатите неколку години се најбројни на охридската ривиера, поради што настапот на Охрид на саемот во Нови Сад е исклучително значаен.

Охрид во Нови Сад ќе биде претставен на посебен штанд кој делумно ќе биде финансиран од градот домаќин.

Ohridnews