Во организација на охридскиот танцов клуб „Соната“, во месец септември 2015 година Охрид ќе биде домаќи на меѓународен натпревар во хип хоп – Wild Hop.

-Убавините со кои располага Охрид, но и оригиналниот концепт на натпреварот ќе ги собере на едно место најдобрите хип хопери, пред се од Европа, во обид да ја освојат главната награда – ultimate champion. Охриѓани, но и гостите кои во овој период ќе присуствуваат во Охрид, ќе уживаат во соло, дуо и групни изведби во хип хоп, крамп, брејк денс, стрит данс и други стилови во различни возрасни категории, информираат организаторите.

Местото на одржување на натпреварот ќе биде објавено наскоро низ видео спотови преку кои ќе се објават деталите и правилата на натпреварот, a влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

OhridNews