Утре во Охрид ќе започне Меѓународната регулаторна конференција за 2015 година, која ја организира Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Според најавите, конференцијата ќе ја отвори Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, a на конференцијата ќе присуствуваат и потпретседателот на Бордот на директори на Европското тело на регулатори за електронски комуникации Горан Марби, како и висок претставник од Меѓународната унија за телекомуникации.

Ќе се разговара за бројни теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и  како со регулаторни мерки и помош да се поттикне развојот на нови технологии и нови услуги за сите корисници на оваа индустрија.

Третиот ден на конференцијата, во среда, ќе биде посветен на индустријата за електронски комуникации. Планирани се бројни презентации за иднината на електронските комуникации, операторите за јавни елекронски комуникациски услуги – Македонски Телеком, ОНЕ телекомуникациски услуги и ВИП оператор. Претставени ќе бидат и идните технологии во оваа индустрија.

OhridNews