Охрид во прекрасно празнично руво ги дочека не само Новата и православната Нова година, туку и кинеската Нова година, која оваа година е во знак на бикот. Се чини дека е време украсите да бидат тргнати од центарот на градот, каде сеуште стои и новогодишната елка. Веројатно врнежливото време ги пореметува плановите на надлежните служби, но празниците одамна минаа и вистински момент е украсите да се складираат во магацините. Тоа до толку побрзо треба да се направи, бидејќи дел од украсите сеуште се под напон што претствува сериозна опасност по влажното време.


Охрид ја слави годината на Бикот !?

фото: Васко Бујароски