Општина Охрид со свој штанд учествуваше на Меѓународниот саем за туризам, што од 24 до 30 април се одржа во Скопје. На саемот се претставија туристички агенции и хотелиери од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Турција.

– Туризмот, како сегмент од економското живеење на секоја земја, претставува мост меѓу народите кој треба да го градиме, овозможувајќи директна врска меѓу културите и традициите. Ги разбива сите пречки, граници и визи-  рече министерот за економија Ваљон Сарачини кој ја отвори саемската манифестација.

Во рамките на саемот се организираше и Македонска вечер, државен натпревар на бармени  и конференција на тема “Основни фактори за развој на рецептивниот туризам“ .

Општина Охрид, на саемот  се презентира со свои промотивни материјали и оствари средби со туристички агенции и учесници на саемот од другите држави.

OhridNews