Стогодишнината од раѓањето на доајенот на македонското глумиште, Петре Прличко, со пригодна свеченост ќе биде одбележана во Охрид.
Петре Прличко
Во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена изложба и ревија на филмови во кои настапува Прличко. Изложбата ќе ја отвори уметникот Славко Упевче, а за филмскиот опус на Прличко ќе говори Ѓоко Симјаноски-филмски критичар.
Во филмската ревија во наредните четири дена ќе бидат прикажани филмовите: 14.11 „Невесинска пушка“, 15.11 „Братот на доктор Хомер“, 16.11 „Македонскиот дел од пеколот“ и на 17.11 „Време, Води“.
ohridnews