Поради недостиг на финансиски средства за приватизација и трансформирање во Акционерско друштво Струга следната сезона нема да се натпреварува во Супер лигата пренесува „Македонски Спорт“.
Местото на Струга според спортскиот весник ќе го заземе езерскиот ривал Охрид, кој минатата сезона за влакно не обезбеди пласман во ракометната елита.
Како струшките така и охридските ракометари мака мачат со финансиите и веќе две години клубот го водат благодарение на ентузијзмот на поедини љубители на ракометот во градот.
Охриѓани мораат брзо да се консолидираат и со две раце да ја искористат оваа прилика за приклучок во ракометниот крем.
Мх.П.