Советот на општина Охрид денеска ќе ја формализира одлуката за забратимување на Охрид со 7 градови од Европа: Птуј, Република Словенија; Велико Трново, Република Бугарија; Реганати, Равена и Алберобело од Република Италија; Синаја, Република Романија и Марбеља, Шпанија.

Воспоставувањето соработка со овие градови е од исклучителна важност за Охрид сметаат градските власти. Охрид од поодамна има интензивни и добри односи со словенечкиот град Птуј кој исклучително и помага на општината во областа на животната средина и справувањето со отпадот. Исто така Охрид веќе подолго време има културна размена со бугарскиот град Велико Трново каде наскоро се очекува да биде отворена и промотивна туристичка канцеларија на Охрид. Од посебна важност се смета збратимувањето на Охрид со шпанското монденско место Марбеља кое е едно од најубавите туристички места на Пиринејскиот полуостров. Охрид ќе црпи драгоцени искуства од шпанската туристичка мека која со децении е светска топ дестинација.

ohridnews