Шкендија пред две години играше во финалето на македонскиот куп каде беше поразена од Македонија Ѓ.П со 3-2.
Минатата сезона екипата на Илинден од Велмеј ја елиминираше Шкендија токму во оваа фаза од натпреварувањето.
Оваа година тетовци по шест одиграни кола се наоѓаат на претпоселдното коло со 4 бода. Од минатото коло на клупата на тетовскиот второлигаш седна Уран Имери помошникот на селекторот Катанец.
Двојки за националниот фудбалски куп, 1/8финале:
Металург – Милано
Вардар – Ренова
Работнички-Нов Милениум
Дрита – Миравци
Силекс – Беласица
Пелистер – Хоризонт Турново
Победа – Македонија ЃП
Шкендија – Охрид
Првите средби се играат на 22.10 со поч. во 14ч. Реванш дуелите се на 29.10-во 13ч.