Охрид и СРЦ „Билјанини извори“, ќе бидат домаќини на спортската Гимназијада, што ќе се одржи од 8 -10 мај 2014 година.

Ова било одлучено на седницата на Извршниот одбор на Федерацијата за училишен спорт што се одржа денеска во просториите на Факултетот за физичка култура во Скопје. Охрид ја доби Гимназијадата во конкуренција на градот Куманово. На седницата присуствуваа претседателот на Сојузот за училишен спорт од Охрид Пеце Георгиевски, професорот во ОСУ „Св. Климент Охридски“ Ристе Јанкоски и в.д. директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.

На Гимназијадата во Охрид се очекува да учествуваат околу 1000 млади.

OhridNews