Ракометниот клуб Охрид „извиси“ и не ја доби довербата од Управниот одбор во Ракометната федерација на Македонија за играње во Лигата на Европа следната сезона. Билет за играње доби екипата на Бутел Скопје.

Составот на Охрид кој заврши на втората позиција на табелата во регуларниот дел од Супер лигата може да аплицира за валјд карта. Исто како и Пролет.

Актуелниот европски и македонски првак Вардар ќе игра во Лигата на Шампиони, додека Еурофарм Пелистер ќе аплицира за вајлд карта. „Фармацевтите“ ако не добијат место во ЛШ, имаат загарантирано место во фазата по групи во Лигата на Европа. Металург ќе игра во последното квалификациско коло, но од клубот најавуваат апликација за директен влез без квалификации. Бутел Скопје сигурно ќе игра во квалификациите.

OhridNews