Ракометарите на Охрид со пораз од актуелниот шампион Вардар 30-21 (15-11) ги започнаа мечевите од плејофот од Супер лигата.


„Гладијаторите“ иако изгубија со девет голови разлика, не се посрамотија пружејќи му отпор на Вардар цели 20 минути.

Охриѓани имаа водство (8-5) и егал на семафарот (10-10), а „црвено црните“ дури во финишот од првиот дел го скршија отпорот на домаќините за плус четири на семафарот (15-11).


Гостите во вториот дел продолжија со ефикасната игра во напад која им донесе двоцифрена предност.

Пред крајот на мечот домаќините со мини серија ја спуштија разликата под десет и изборија пристоен пораз од Вардар во Охрид.


Р.К. Охрид: Трајкоски (4 одбрани), Коле (7 одбрани), Андоновски 3, Новаковиќ 1, Павловиќ 2, Кежиќ 1, Вражалица 7, Стојановиќ 4, Хогас 2, Трифуноски 1, Тасески, Печенковски, Мачу, Белевски, Пецаков.

Р.К. Вардар: Ангелов (2 одбрани), Милиќ (7 одбрани), Стоилов 1, Брумен, Тоскиќ 1, Манасков 4, Македа 7, Карачиќ 6, Абутовиќ, Дибиров 4, Горбок 5, Шишкарев 1, Марсениќ 1.

Фото: Емилио
Мх.П.