Во Македонија денеска се одржуваат шестите локални избори. Ќе се гласа 3480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 граѓани.

Во Охрид во единствениот избирачки список запишани се 52.858 граѓани, кои ќе гласаат на 89 избирачки места. Тие ќе избираат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и пет кандидатски листи за советници.

Избирачките места се отвараат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот.

Првите неофицијални резултати од локалните избори ќе бидат познати вечерва.

OhridNews