Продолжениот викенд го исполни Охрид со туристи. На охридската ривиера може да се забележат туристи од регионот, но и домашни гости. Раздвиженост забележана низ чаршијата, кејот, но и во угостителските објекти.
Секако, не изостануваат и посетите на бројните културно-историски споменици и верски објекти, како и турите со брод по Охридското Езеро.
Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски вели дека за првомајските празници исполнетоста е поголема од велигденските.
Има гости. Хотелите овојпат за разлика од викендот за Велигден се поисполнети. Очекувањата се 60-70% од хотелските капацитети да се исполнети, како и приватното сместување. Поради најавата за неповолнните временски услови со дожд имавме некои откажувања. Но, почнаа да пристигнуваат грчки автобуси, имаме турски и бугарски групи. Тоа е показател дека туристи ќе имаме од државите од регионот, вели претседателот на ХОТАМ, Блажевски.
Со оглед на исполнетоста за велигденските и првомајските празници, оптимистички се очекувањата за успешна туристичка сезона.
Н.С.Ј.
фото.А. Момироска