Актуелниот предводник на охридскиот ракометен клуб Охрид, Раде Стојановиќ се закити со највисоката и престижна тренерска лиценца „EHF Master“. Стојановиќ во романскиот град Букурешт пред четиричлена комисија од ЕХФ успешно го презентираше и одбрани својот труд и обезбеди место во елитното тренерско друштво.

41-годишниот стручњак изминатиов период три пати по шест дена беше дел од предавањата и работилниците  на ЕХФ во Букурешт, додека денеска следуваше завршниот дел кој охидскиот тренер го помина повеќе од успешно.

Највисоката тренерска лиценца сигурно ќе биде мотив повеќе за Стојановиќ во предизвиците кои го очекуваат со составот на Охрид во Супер лигата. „Гладијаторите“ првата полусезона ја заврши на втората позиција со само бод помалку од водечкиот Металург.

Мх.П.