Младинските екипи на ГФК Охрид Лихнидос забележаа 2 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз против врсниците од ФК Шкупи.
Генерациите 2009 и 2008 година денеска во Охрид славеа над Фк Шкупи. Младинците 2009 (помлади пионери) успеаја да направат пресврт од 1:3 за конечни 4:3, додека генерацијата 2008 (пионери) забележа триумф од 2:0.
Претходно, вчера, на гостински терен, генерацијата 2006 (младинци) одигра нерешено 2:2, а генерацијата 2007 (кадети) загуби од Шкупи со 5:0.
Младинските екипи на ГФК Охрид од можни 12 бода освоија 7 бода во ова коло од младинската Супер лига на Македонија.
Во следното коло тие ќе се сретнат со младинските категории на Фк Шкендија.
Г.М.