Кадетите на ГРК Охрид синоќа во салата „Билјанини извори“, загубија од Еурофарм Пелистер 22:25 (8:13) во разигрувањето за пласман на Ф4 турнирот од Кадетската лига на Македонија. И покрај поразот, младите „гладијатори“ покажаа борбеност, игра и залагање, особено во второто полувреме, што ветува добра иднина на ракометот во Охрид.

Клучно беше првото полувреме кое младите охридски ракометари го отворија во грч и речиси половина полувреме беа без постигнат гол. Во 14 минута на семафорот стоеше 0:6. Првиот гол дојде од пенал, по што играта на домаќинот се стабилизира, но Е. Пелистер обезбеди солидна предност на полувреме 8:13. Разликата во првиот дел  ќе беше и поголема на голот на Охрид да не беа одличните голмани Бојан Крстески и Матеј Крстески кои заедно искомбинираа 13 одбрани.

Во вториот дел Охрид заигра значително подобро, а како резултат на таквата игра стигна и до -1, но домашните немаа сили за пресврти а пелистерци со неколку гола во низа во финишот го решија мечот и обезбедија пласман на Ф4 турнирот и ќе се борат за шампионската титула во кадетска конкуренција.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Николоски со 6 гола, Трајчески и Софкоски постигнаа по 3.

Статистика ГРК Охрид: Бојан Крстески (9 одбрани), Пупунцоски 3, Спироски, Фармакоски, Булески 1, Колески, Матео Силјаноски, Трајчески (4), Матеј Крстески (4 одбрани), Јанчески, Станкоски, Даниел Силјаноски, Николоски 6, Стевановиќ 3, Софкоски 4, Јованоски.

Охрид има ракометна иднина

Г.М.
Фото А. Момироска