– Во Охрид има банани, зрее и маслинка, но многу малку луѓе знаат за природните вредности што ги поседува Охрид, а кои се плод на климатските услови, вели проф. д-р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Професорот Мариноски посочува уште еден природен феномен кој според него би требало да биде дел од охридската туристичка приказна.
– Сешот е феномен кој наликува на плимата и осеката. Тоа може да се види кога имаме ветер од југ кон север, каде се покачува нивото на Охридското Езеро, објаснува професорот Мариноски.
Д-р Науме Мариноски укажува дека сите природни вредности на Охрид треба добро да се спакуваат и да се понудат на светскиот туристички пазар.