Охрид има одлична “клима“ за изградба на препознатлив бренд
29.05.10 07:30
Минатата недела во Охрид со работа започна еден нов, невообичаен кројачки салон – Вижуал Перспектив Адвертајзинг. Невообиченото е во тоа што овој салон работи на Вашиот изглед како бренд. Гледа, мери и сечи баш по ваша, и за ваша мера. Значи изработува и крои нешта кои ќе ве претстават во целост како компанија и како поединец пред вашите клиенти и конкуренти.
Еве збор два од сопственикот, Александар Георгиевски на новоотворениот салон:
Колку време постои Вижуал Перспектив Адвертајзинг и што поконкретно работите?
Вижуал Перпсектив Адвертајзинг постои скоро една година на македонскиот пазар. Ние сме адвертајзинг и маркетинг агенција, која нуди нови начини на рекламирање преку квалитетни, применливи и современи дизајн решенија кои значат промена на веќепостоечкиот општоприфатен начин на рекламирање. Главната цел е да се подобри квалитетот и разноликоста во областа на визуелниот дизајн и адвертајзингот, брендирањето, електронските медиуми и стратегијата на позиционирање на пазарот. Тоа подразбира лого и создавање на корпоративен идентитет, постери, билборди, брошури, каталози, списанија, дизајн на амбалажа и етикети, веб дизајн и развој, флеш анимации и веб банери, развој на веб страни за електронска трговија, графички кориснички интерфејс, 3Д моделирање и анимации, истражување и анализа на потенцијален пазар, развој на нов производ и услуги, распоред на медиумите и закупување на медиумскиот простор, односи со јавноста итн. Тоа подразбира храбар и иновативен начин на претворање на идејата во применето креативно решение.
Колку се Вашите производи и услуги препознатливи?
Ние сме ралеативно нова адвертајзинг агенција на македонскиот пазар и секојдневно работиме на нашата препознатливост како бренд. Најчесто доаѓа до конфликт на комуникација за тоа што работи една адвертајзинг агенција, бидејќи поедниците, без разлика дали се работи за поединец физичко или правно лице, не се доволно информирани за нашата дејност и процесите како треба да се гради бренд кој ќе биде конкурентен на пазарот со своите услуги и производи. Услугите што ги нудиме не се разликуваат многу од тие на останатите адвертајзинг агенции, единствено што ние како агенција развиваме сопствена ЦМС платформа, т.е Контент Манаџемент Систем платформа за креирање и одржување на современи веб решенија, со што како агенција во Македонија можеби сме и единствени. Исто така како поддршка на таа платформа нудиме и оптимизација на сите веб решенија (ЅЕО – Search Engine Optimization), како и услуги во областа на интернет маркетинот (SEM – Search Engine Marketing), итн.
На кој начин работите во насока Вижуал Перспектив Адвертајзинг да прерасне во препознатлив бренд?
Вижуал Перпсектив Адвертајзинг за да прерасне како препознатлив бренд, се бори, со своите креативни решенија , професионално и флексибилно работење т.е. сакаме да го разбиеме оној стеротип кој се нуди веќе на нашиот пазар, што секако функционира, ама до кога? Нашиот начин на работа е во комуникација со нашите клиенти т.е. главниот фокус секогаш е на потребите на клиентот. Значи ние немаме точно дефиниран модел за тоа како би се одвивал еден работен процес со сите клиенти. Флексибилни сме. Сите клиенти се различни карактери и имаат свои потреби, а наша задача е да им понудиме насока, перспектива, како да го подобрат својот имиџ да прераснат во бренд, со што би го постигнале саканиот успех на препознатливост, не само на македонскиот пазар туку и интернационално. Исто така еден од носечките столбови на нашето работење е меѓусебната доверба и ентузијазам за успех.
Дали за да се изгради препознатлив бренд, на нашиот пазар, како и надвор од него, бара голема финансиска инвестиција? Дали сте подготвени да ја направите таа инвестиција?
Инвестицијата сакеле или не, мора да ја направиме. Прашање е колку сме спремни да ги прифатиме сите позитивни и негативни последици од тоа, бидејќи како што инвестираме, така и обврските за реализација се зголемуваат, а со тоа доаѓа и поголема одговорност. Да се изгради препознатлив бренд не е толку голема финансиска инвестиција, колку што е голема визијата да се позиционираме подобро на нашиот пазар, а и пошироко. Нема ограничувања. Конкуренцијата е тука за да не поттикне да се подобриме како бренд , да ги согледаме нивните и наши мани и секако да ги намалиме.
Колку е тешко во Македонија да се изгради бренд?
Во Македонија треба голема упорност за една млада компанија да се изгради како бренд. Само квалитетното работење може да не доведе до тој успех. Македонија како пазар допрва ќе ја учи културата на работење со адвертајзинг агенции. Ако Македонија се развива како бренд, а не како импровизација на бренд, така ќе се развиваат и компаниите, а се разбира, и ние како агенција која ќе ги нуди услугите на тие компании. На крајот на денот ние сме кројачите за тоа како вие да изгледате подобро. Подобар кројач, подобра гардероба. Подобра гардероба, кај подобар кројач.
Постои ли во Македонија „клима“за изградба на препознатлив бренд? Постојат ли во Македонија препознатливи брендови?
Македонија има одлична „клима“ за изградба на препознатлив бренд, бидејќи конкуренцијата е „голема“. Ако нема конкурентност, нема да има новитети. Овде зборуваме за адвертајзингот. Секако има големи брендови во оваа област кои нудат одлични креативни решенија, но има и нови и млади фирми кои се тука да понудат нешто ново, односно да излезат од под калта, со што и цената на работење е поконкурентна, а не е секогаш релевантна за пресуда на услугата што се нуди.
Повеќе за нас и нашите услуги можете да дознаете на нашата веб страна: www.vpacreative.com Ве очекуваме да не посетите во нашите простории наспроти новата автобуска станица во Охрид.
Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и основното училиште „Св Климент Охридски“ о...
Црвен крст Охрид денес на градскиот плоштад со почеток во 13 часот организира информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок На штандот граѓаните ќе можат бесплатно да го измерат нивниот кр...
Денес по повод празникот посветен на „Светиот свештеномаченик Харалампиј”, во храмот „Св Никола Геракомија” ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 16:00 часот, а утре, недел...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.