Исклучителен успех постигнаа младинските екипи на ГФК Охрид во натпреварувачката 2023/24.

Генерацијата 2008 на ГФК Охрид предводена од Адем Адем го освои 2 место.

Генерацијата 2007 предводена од Владимир Наумоски го освои 2 место.

Генерацијата 2006 предводена од Александар Велјаноски го освои 2 место.

Генерацијата 2005 предводена од Александар Бакулески сезоната 2023/24 ја заврши на 1 место.

Ова е извонреден успех на младите категории на ГФК Охрид, дотолку повеќе што се исполнети целите зацртани пред почетокот на сезоната.

Како младински погон на ГФК Охрид, нашите цели беа воспитување, спортска култура и градење на личности од нашите  фудбалерчиња, создавање што повеќе млади фудбалери кои перспективно можат да бидат  дел од сениорскиот тим на ГФК Охрид, а чиј број  е се поголем, влез на младинската школа на ГФК Охрид во најквалитетната Супер лига на Македонија  што е остварено и следната сезона нашиот подмладок ќе настапува во најсилната младинска лига во земјата, вели Коста Трифуноски, спортски директор на младинските категории на ГФК Охрид.

 

Сите овие цели ги остваривме, но тука нема да застанеме бидејќи не чекаат уште поголеми предизвици уште повеќе работа и се надеваме дека ќе ја имаме потребната поддршка од сите љубители на фудбалот во Охрид бидејќи Охрид заслужува да биде меѓу најдобрите, додава Трифуноски.

Г.М.