Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври- Денот на Народното востание, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во градски парк, во дворниот простор на Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и во Основниот Суд како и во близина на Градските Гробишта.
Пред спомен обележјата на борците покрај градоначалникот Георгиески се поклонија претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и советникот Димитар Манчев, како и делегација на Сојузот на борци од НОВ и подржувачи на традицијата и други.
OhridNews