Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески заедно со членови на Српско – македонското друштво „Коштана“ од Охрид деновиве оствари посета на Здружението на македонците од Пчињскиот округ „Гоце Делчев“ со седиште во Врање, соопшти локалната самоуправа. Повод за посетата беше врачување на клучевите од новите просториите на Здружението, кои им ги додели општината Врање.


Македонците во Врање се угледни и почитувани личности и заземаат врвни позиции во општествениот и економскиот живот во Врање.-беше истакнато на средбата, на која, како што информираат од локалната самоуправа, се разговарало и за продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Врање во сите сфери од општествениот живот.


На свеченоста присуствувал и амбасадорот на Република Македонија во Србија, Љубиша Георгиевски.

OhridNews