Без изненадувања заврши воведното коло во македонскиот фудбалски Куп во кое, вчера, победи славеа Охрид и Воска Спорт.

Убедливи победи извојуваа Воска, Шкупи и Брегалница, додека Вардар, Тиквеш и Гостивар беа поуспешни по изведувањето пенали. Охрид на домашен терен го совлада Детонит.

Бранителот на трофејот Македонија ЃП, како и ланските полуфиналисти Силекс, Шкендија и Струга беа слободни во воведното коло.

Резултати 1/16 финале:: Арсими – Тиквеш 1-2, Башкими – Скопје 2-1 (на пенали), Коњаре – Шкупи 0-8, Карбинци – Воска 0-10, Кожув – Брера 0-2, Новаци – Брегалница 0-7, Охрид – Детонит 2-0, Тетекс – Работнички 0-3, Велазерими – Пелистер 0-4, Беласица – Гостивар 0-1 (на пенали), Јанг Тим Струга – Победа 1-0 (на пенали), Беса – Вардар 1-2 (на пенали).

OhridNews