Фудбалерите на Охрид ремизираа без голови (0-0) со Велешта во првиот контролен натпревар од подготвителниот период во пресрет на новата сезона во Втората лига.

„Рибарите“ на мечот со амбициозниот третолигаш настапија со млади фудбалери кои допрва треба да бидат двигатели на тимот и играчи кои беа на проба. Охридските фудбалери ја имаа иницијативата на теренот а да биде се комплетно недостасуваше само погодок, кој иако го немаше не ја расипа добрата претствата на младинците.

Првиот вистински тест за охриѓани е в среда кога силите ќе ги одмерат со српски Трајал Крушевац. Новата сезона во Втората лига започнува на 24 август, а следниот петок е ждрепката за првата рунда и понамоташните натпревари.

Мх.П.