Големото ривалство на Охрид и Струга од теренот (ќе) се пресели во просториите на Ракометната федерација на Македонија за потписот на средниот бек Лексо Тсителишвили. Грузискиот ракометар е пред договор со Охрид, но се додека не добие исписница од Струга не може да официјализира соработката.

Позитивна клима за склучување на договор помеѓу ракометарот и Охрид постои, но ќе треба правно да се решат работите.

  • Интерес за ангажман на Тсителишвили постои, но сакаме се да биде фер  и коректно завршено помеѓу двата клубови.  Не сакаме да ги нарушиме добрите односни со Струга кои ги воспоставивме минатата сезона. -изјави спортскиот директор на РК Охрид, Горан Недески.

Претседателот на Струга, Наумче Мојсоски во изјава за Ohrid News рече дека клубот ќе ги достави сите материјали до РФМ која треба да одлучи за иднината на ракометарот.

  • Неизвесно ќе биде до крај. Ние ги собираме сите материјали и ќе ги доставиме до РФМ која треба да одлучи. Потегот на Охрид не е фер, но ќе оставиме простор да видиме што ќе се случи. – рече Мојсоски.

Охрид и Струга будно ќе го следат случајот со грузиоскиот ракометар, но ќе бидат насочени кон доведување на ракометари во пресрет на новата сезоната.

Мх.П.